Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно. Во јужните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините за слаб снег. Во другите делови од земјава ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од три до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб североисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време и релативно свежо за овој период од годината, но ќе има и услови за повремен слаб дожд, на планините за повремен слаб снег. Од сабота ќе продолжи облачно време, но температурата ќе биде во покачување.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски