Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус четири, а дневната од нула до седум степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус 12, а дневната ќе се искачи до четири степени.
Од понеделник под влијание на нов влажен бран ќе започне период на претежно облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Од средината на неделата на пониските места особено на југоисток врнежите ќе бидат од дожд.
