Временска прогноза

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на денот поради спуштање на многу студена воздушна маса од север ќе има зголемување на облачноста особено во северните и во западните делови од земјата каде што на пониските места ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка.

Поради спуштањето на оваа студена воздушна маса во попладневните часови ќе има нагло опаѓање на температурите и врнежите од дожд на некои повисоки места на надморска висина од околу 600 метри во западните делови ќе поминат во снег. Врнежите не се очекува да бидат многу интензивни, ќе бидат со слаб до умерен интензитет, а во текот на денот ќе дува и умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 13 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, а во текот на денот претежно облачно со повремени слаби врнежи од дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и доста студено време со повремено силен северен ветер кој нешто поизразен ќе биде на планините каде се очекува неговата брзина да достигнува и до 100 километри на час. Температурите ќе бидат во опаѓање.

Во четврток утринските се очекува да се движат од минус девет до минус два, а максималните дневни од минус шест до два степена. Во среда се очекува да има провејување на слаб снег. Потоа, во следните денови врнежи не се очекуваат, а за време на викендот се очекува разведрување што ќе услови многу ниски утрински температури.

За новогодишната ноќ се очекува тие да се движат од минус 16 до минус осум, а дневните ќе бележат благо покачување. Во првиот ден од Новата година дневната температура се очекува да се движи од минус два до пет степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски