Временска прогноза

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала, а само во западните делови со умерена облачност. Во текот на попладневните часови ќе има зголемување на облачноста во поголемиот дел од земјава, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје претпладне сончево со мала, а во попладневните часови со значителна облачност. Претпладне ќе дува слаб јужен ветер, кој во текот на попладнето ќе го смени правецот во северен.

Утринската температура ќе се сушти до нула, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови ќе има услови за локален дожд.

Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски