Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 15 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.

Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Од среда попладне ќе започне да дува северен ветер кој во наредните денови повремено ќе биде засилен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките планини во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски