Временска прогноза

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во одделни котлини и речни долини ќе има појава на слаба магла и ниска облачност. Преку денот се очекува да се намалува облачноста. На повисоките места и на планините ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, а во попладневните часови ќе има подолги сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

В среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд и зголемување на облачноста. Во попладневните часови ветерот ќе го промени правецот од југоисточен кон северен и ќе предизвика значително опаѓање на температурите за седум до 10 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, нешто пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови. Поради спуштање на студен воздух од север во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне на повисоките места и на планините во северозападниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски