Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини со појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 16 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови со појава на слаба магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до девет, а дневната до 19 степени.

Повеќе сончеви периоди ќе има во понеделник и вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини. Во среда кон крајот на денот под влијание на студена воздушна маса ќе има врнежи од дожд, проследени со засилен северен ветер и опаѓање на температурата во следните денови.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски