Временска прогноза

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе бидеоблачно со врнежи од дожд особено во западните и северните делови од земјата каде што локално се очекува да наврнат и над 20 л/м2. На највисоките планински врвови во северозападните делови од земјава ќе има и повремени врнежи од снег. Во текот на утрешниот ден во попладневните часови врнежите ќе престанат и облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 10 до 17 степени.

Во Скопје претпладне облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат со умерен интензитет, а попладне ќе преовладува суво, но претежно облачно време. Ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со умерен југоисточен ветер, а повторно локални врнежи од дожд се очекуваат во петок и во сабота. За време на викендот се очекува стабилно и потопло време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски