Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има попладне и во вечерните часови кога на места ќе бидат пообилни, особено во северозападните и источните делови. Локално се очекува да наврнат над 25 л/м2.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со повремени врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди кои ќе бидат позастапени во источните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе биде без промена.

Во недела ќе биде претежно сончево со пониска утринска температура, од еден до осум, а повисока дневна од 16 до 23 степени.

Потоа во првите два дена од наредната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд, но со послаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски