Времето утре во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Температурата ќе се движи од 23 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 31 степен.
Следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 степени.
