Временска прогноза

Од:

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево, а во текот на денот од запад ќе се прошири облачност насекаде. Попладне ќе има повремен дожд во западните и северните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен и југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 30 степени.

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне со зголемена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Од четврток следуваат денови со претежно сончево време во претпладневните часови, а попладне повремено со услови за изолирана појава на локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе опаднат за два до три степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски