Времена депонија за неопасен отпад во Ново Конско

Од:

Почнува постапката за изградба на времена депонија за неопасен отпад во регионот на селото Ново Конско во Гевгелија, соопшти денеска јавното претпријатие „Комуналец“.

Според претпријатието, изградбата се наметна како потреба по бегалската криза и несоодветниот капацитет и уреденост на постојната депонија.

„Практично, стартува постапката за обезбедување на неопходната документација за реализација на проектот. Со него се предвидува санитарната депонија за неопасен цврст отпад да се простира на површина два хектара. Локацијата ќе биде оддалечена седум километри од Гевгелија и 1,3 километри од најблиското населено место Ново Конско“ велат од „Комуналец“.

Проектот ќе биде финансиран од јапонскиот грант преку програмата на УНДП за помагање на општините кои беа зафатени од бегалската криза.

Во Гевгелија со јапонски грант неодамна целосно се реконструира водоснабдителниот систем во бунарското подрачје „Вардар“.

Би можело да ве интересира

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско

Гори депонија во близина на Арачиново

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице

Тело на бебе пронајдено на отпад – работниците повикаа полиција

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

По три години затвор добија обвинетите кои направија диви депонии на Вардариште

А1он