Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со врнежи од дожд, ветровито и студено со пад на температурите.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 17 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 14 степени.