Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува умерен ветер од јужен правец кој на места ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од четири до десет, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Во недела под влијание на нестабилна и топла воздушна маса повторно ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен јужен ветер.