Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во источните делови од земјата ќе има појава на слаб дожд, а на планините слаб снег.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до плус два, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната 11 степени.