Време: Умерено облачно, со слаба магла по котлините

Од:

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, наутро со слаба магла по котлините, а преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди, а наутро со услови за појава на магла. Преку денот ќе дува слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 11 часот.

Утре ќе преовладува облачно време со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни од понеделник попладне и ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Од понеделник ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски