Време: Умерено облачно со појава на повремен дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно. Од пладневните часови по некаде со услови за појава на краткотраен дожд, а попладне и преку ноќта повремен дожд ќе има најпрвин во југозападните делови, а потоа повремените врнежи од дожд полека ќе се преместуваат кон исток. Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од 11 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови со појава на повремен дожд, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и појава на магла по одделни котлини. Врнежите ќе бидат малку поинтензивни во вторник во вечерните часови и во среда. Температурата ќе биде без поголеми промени.

Потоа, од средината на наредната недела се очекува стабилно, суво и постудено време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски