Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локални врнежи од дожд.
Ќе дува слаб променлив ветар.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи и со слаб ветар. Максималната дневна температура ќе достигне до 25 степени.