Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со можни врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 28 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 24 степени.