Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во источните делови со услови за слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 11 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 25 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 24 степени.