Време: Сончево утро, попладне локална облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево, попладне со локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 12 до минус три, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови. Ќе дува слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус седум, а дневната ќе се искачи до девет степени.

До петок времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура и понатаму насекаде ќе биде негативна, а дневната ќе биде во постепен пораст.

Во сабота наутро се уште студено, во текот на денот со зголемена облачност. Во недела наутро со повисоки утрински температури, а преку денот облачно со врнежи од дожд, на планините од снег.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски