Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 33 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и ветровито со максимална дневна температура до 30-от степен.
Индексот на УВ зрачењето ќе изнесува седум.