Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Попладне се очекува облачноста да се зголеми особено во западните делови каде е можно во текот на ноќта да има и слаб локален дожд. Ќе дува слаб, а попладне повремен умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од 10 до 16 степени.
Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Значителна промена на времето се очекува утре за кога се најавуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта кон петок кога во западните делови локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.
Ноќта кон петок ќе се спушта постуден воздух кој ќе предизвика некаде врнежи од дожд на повисоките места да преминат во снег, особено во северните и западните делови од земјава, а на планините да се зголеми снежната покривка. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој ноќта ќе го смени правецот во северен и ќе предизвика опаѓање на температурата во наредните денови.