Времето во Македонија ќе биде променливо. Претпладне ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 6.
Во четврток кон крајот на денот повторно ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува и умерен до засилен јужен ветер.
До сабота до попладневните часови времето ќе биде претежно стабилно и потопло, а кон крајот на денот се очекува нов влажен бран.