Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во северозападните и северните делови ќе има локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево со умерена облачност и со температура до 25, а во дојранскиот температурата ќе достигне до 30 степени.