Времето во Македонија ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот во северните и источните делови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен, а кон крајот на денот од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 19 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, а кон крајот на денот со услови за дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 24 степени.