Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со пораст на температурата. Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 22 до 27 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневна ќе се достигне до 25 степени.
Пораст на температурата ќе има и во наредните денови. Во петок попладне се очекува да настапи нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер.