Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и потопло. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно, суво и потопло време, освен в четврток и за време на викендот кога ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе биде во постојан пораст.