Времето денека ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места нестабилно со локален дожд и грмежи. УВ-зрачењето ќе изнесува 7.
Температурата ќе достигне до 35 степени.
Во Скопје слично време со температура до 34 степени Целзиусови.
Утре ќе се задржи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се движи од 13 до 21, а максимална од 30 до 36 степени Целзиусови.
Претежно сончево и топло ќе биде и во вторник, со слаб до умерен ветер од променлив првец. Минимална температура ќе биде од 14 до 22, а максимална 32 до 37 степени Целзиусови.