Време: Сончево и топло со мала облачност

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во крајните северозападни и североисточни планински предели ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 28 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.

Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло  со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени. Во дојранскиот регион ќе биде сончево и претежно тивко. Утринската ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно, суво и топло време, но во одделни денови ќе има услови за локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Умерен до засилен северен ветер ќе дува во недела попладне кој ќе предизвика в понеделник посвежо време и паѓање на температурата за четири до пет степени.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска