Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи особено во западните подрачја.
Ќе дува умерен ветер од северен правец особено во источните делови и долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од девет до 18, а дневната од 29 до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло. Попладне со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 32 степени.