Време: Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне на исток со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег, а попладне ќе има почести сончеви периоди. Ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утрово се измерени -2 степени во Маврово, -1 во Лазарополе, 0 во Крушево, 1 во Претор, Тетово и Скопје, Охрид, Берово, 2 во Крива Паланка и Пожаране, 3 во Пожар, Тополчани, Ѓуриште, Кавадарци и Дебар, 4 во Прилеп, Штип, Куманово и Битола, 5 во Демир Капија, 6 во Виница и Гевгелија, 7 во Дојран и 8 степени во Струмица.

Денвната температура ќе се движи од 10 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови со почести сончеви периоди, а преку денот ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени

Во следните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат повремено со снег. Поинтензивни врнежи ќе има во среда преку денот кога наместа ќе наврнат и над 20 литри на метар квадратен, а преку денот ќе дува умерен јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска