Време: Променливо облачно со сончеви периоди

Од:

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови и на планините се уште ќе има услови за провејување на слаб снег, а веќе во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од минус два до шест степени.

Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се намалува и ќе донесе претежно ведро време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. До четврток утринските температури на повеќето места ќе бидат пониски од минус пет степени, а потоа ќе бидат во постепен пораст.

За викендот се очекува потопло време.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски