Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд и со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје утре променливо облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 14 степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и суво време, а в петок и сабота и сончево, но поради ведрите ноќи температурите ќе бидат доста ниски. Утринската температура во овие два дена ќе се спушти на места и под нулата, а дневната ќе биде во благо покачување.