Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со повремен дожд во попладневните часови, претежно во јужните делови.
Интензитетот ќе биде слаб до умерен и ќе изнесува најмногу до 10 литри на метар квадратен во југозападните подрачја. На планините ќе има повремен снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се движи од нула до 12 степени.
Во Скопје слично време, со температура до 10 степени.