Времето во Македонија денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 26 степени.
Во Скопје и околината ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд.
Температурата ќе достигне до 25 степени.