Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, во попладневните часови ќе има услови за врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 10 степени.
Во среда ќе настапи преодна стабилизација на времето, а нов поизразен влажен бран се очекува в четврток кога ќе има и пообилни врнежи од дожд.
Од петок попладне се очекува заладување и врнежи, но и снег на повисоките места. Во сабота, пак, врнежите ќе бидат претежно од снег.