Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб северен ветер и појава на краткотрајни локални врнежи од дожд.
Околу пладне на повеќе места ќе има зголемена облачност, а локално ќе има краткотраен дожд, во југозападните делови проследен со грмежи.
Попладне облачноста ќе се намалува.Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.
Во Скопје претпладне на повеќе места ќе има зголемена облачност, а локално ќе има краткотраен дожд, Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб северен ветер.Температурата ќе достигне до 23 степени.