Време: Претпладне врнежливо, попладне облачноста ќе се намалува

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде врнежливо, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време. Облачноста во попладневните часови ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 13 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со локален дожд, а попладне со сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно, но потопло време, со кратки сончеви периоди претпладне, а попладне со локален пороен дожд проследен со грмежи.

Такво време ќе имаме и за првомајскиот празничен ден. Извесно преодно подобрување на временската состојба со посончево време ќе има во петок.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски