Времето во Македонија во претпладневните часови ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд кои попладне ќе престанат и ќе дојде до постепено разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -4 до 3 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 13 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 9 степени.