Време: Претпладне умерено облачно, попладне дожд

Од:

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален пороен дожд со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 24 до 32 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 29 степени.

Во летните туристички центри утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во претпладневните часови во дојранскиот регион ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови можно да има локален пороен дожд со појава на грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во охридскиот регион највисоката температура ќе достигне до 26, а во дојранскиот до 30 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски