Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, но попладне ќе настапи дестабилизација со зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд проследени со грмежи особено во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 19 до 25 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и во скопското подрачје ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.
До петок ќе се задржи претежно топло и стабилно време, освен во сабота попладне кога ќе има услови за појава на локални врнежи од дожд.