Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во западните делови.
Поинтензивни процеси се очекуваат во ноќните часови кога ќе има пообилни врнежи од дожд и услови за зголемена појава на град. Во текот на денот и ноќта ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 24 до 33 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево и топло. Кон крајот на денот ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 31 степен.