Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со силен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 90 километри на час. Попладне во западните и северните подрачја ќе има локален пороен дожд и можна појава на грмежи.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 17 до 22 степени.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со засилен јужен ветер кој се очекува да достигне над 75 километри на час. Попладне ќе има услови за краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 21 степен.