Време: Претпладне облачно, попладне дожд

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и наместа со повремен засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб претежно југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 25 до 32 степени.

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Периодот на нестабилно време ќе продолжи се до крајот на работната недела. Нестабилно со локална појава на пороен дожд и грмежи и засилен ветер ќе биде претежно во попладневните часови. За следниот викенд се очекува времето да биде претежно сончево и стабилно.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски