Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а во ридско планинските предели и на планините над 700 метри надморска височина со врнежи од снег. Ќе дува засилен ветар со променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 8 степени.
Во Скопје и околината слично време со максимална дневна температура до 4 степени.