Време: Облачно со услови за слаб дожд и снег на планините

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд, на планините со слаб снег, особено повеќе во западните и во јужните делови на земјата. Преку денот ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со слаб дожд особено во раните утрински часови, преку денот променливо облачно со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до девет степени.

И во наредните денови ќе продолжи променливо облачно време со сончеви периоди, но и со услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе има тенденција на благ пораст.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски