Време: Облачно со услови за дожд и ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Во североисточните делови ќе има услови за појава на слаб дожд, но сепак во најголем дел од земјава ќе се задржи суво. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а попладне во западните делови од земјава повремено засилен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до нула, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје облачно со услови за појава на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до четири степени.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, со дневна температура меѓу 7 и 15 степени. Кон крајот на денот земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран кој ќе предизвика врнежи од дожд. Овие врнежи од дожд в понеделник на повеќето места ќе преминуваат во снег проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата. Ќе се формира и нова снежна покривка особено во западните делови од земјава. Попладне врнежите ќе престануваат и во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска