Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Температурата ќе се движи од минус два до седум степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до пет степени.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер, а од среда повремено засилен ветер од јужен правец.