Во Македонија денеска ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот постепено ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 17 до 22 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време. Претпладне ќе има повремен локален дожд, а во попладневните часови постепено врнежите ќе престануваат и ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 22 степени